Маж од Буенос Аирес усмрти три жени, четвртата се бори за живот

Од:

Три жени се изгореа во пожар, а четвртата се бори за живот откако била запалена во напад во пансион во Буенос Аирес.

Локалните медиуми објавија дека нивниот напаѓач фрлил „Молотов коктел“ во нивната соба.

Трите мртви жени се идентификувани како Памела Кобас (52), Мерцедес Роксана Фигуероа (52) и Андреа Амаранте (42).

Кобас почина неколку часа по нападот, додека Роксана почина во средата откако се здоби со изгореници на 90 отсто од телото. Смртта на Андреа беше потврдена саботата. Според последните податоци, четвртата жртва Софија Кастро Ригос (49) се бори за живот.

Полицијата се уште не го објави мотивот за нападот, кој предизвика шок и гнев во Аргентина.

Напаѓачот е идентификуван како Хусто Фернандо Бариентос (62), објавија локалните медиуми.

Тој наводно живеел во собата до жените во пансионот каде се случил нападот.

Жителите на пансионот велат дека кога жените се обиделе да избегаат од нивната запалена соба, но Бариентос ги удрил и ги турнал.

„Кога се обидоа да излезат од запалената соба, тој ги удри и ги турна назад во огнот“, изјави Серхио Араухо, кој живее на вториот кат од зградата.

Жителите изјавија дека осомничениот наводно им се заканувал и претходно.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во најголемата фабрика за батерии во светот

Горан Наумовски

Се запали една просторија во Поликлиниката Чаир, нема повредени

Маж и жена починаа во пожар во Крива Паланка

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Меланија Трамп: Пожарите во Калифорнија се разорни, мислам на луѓето, се молам за нив

(ВИДЕО) Се појави огнено торнадо во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес