Маж ја нападна полицијата пред Бакингемската палата

Од:

Британската полиција соопшти дека синоќа, маж (26) ја нападнал полицијата пред Бакингемската палата во центарот на Лондон, по што е упасен.

Двајца полицајци се здобиле со полесни повреди додека го апселе осомничениот.

– Маж кој поседувал нож бил запрен од страна на полицијата во 20.35 часот, по локално време, пред Бакингемската палата. При тоа двајца полицајци се повредени во пределот на раката, стои во соопштението на британската полиција.

Напаѓачот е уапсен врз основа на законот за тероризам.

Британските медиуми јавија дека, напаѓачот го паркирал својот автомобил во близина на полициските возила во зоната за ограничен пристап поред палатата. Полицијата во неговото возило забележала голем нож и тргнала кон него со цел да го упаси, при што двајцата полицајци биле нападнати.

За време на апсењето напаѓачот е повреден.

Детективите од командата на градската полиција за борба против тероризам спроведуваат истрага за инцидентот, наведе британската полиција.

Кралицата Елизабета Втора не била во палатата кога се случил инцидентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски