Матис: Русија дека сака сосила да ги промени меѓународните граници

Од:

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис на средба со украинските лидер во Киев ја обвини Русија дека се обидува сосила да ги промени меѓународните граници, пренесува БТА.

– Вашингтон не ја прифаќа анексијата на Крим од страна на Москва, нагласи тој.

Американскиот министер денеска разговараше со претседателот на Украина, Петро Порошенко и со претставници на украинската Влада, по што присуствуваше на парадата по повод 26-годишнината од независноста на Украина. Тој е првиот американски секретар за одбрана кој ја посетил земјата последниве 10 години.

На средбата со Порошенко, Матис вети дека САД ќе и помогнат на Украина да изгради модерна армија, но не спомена ништо за достава на оружје, коментираат упатени извори.

Според изворите, било разговарано и за можноста за испраќање вооружена мисија со мандат на ОН во Донбас.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина