Матис: По победата над ИД прашањето е „што сега?“

Од:

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис денеска изјави дека по поразот на Исламската Држава во Сирија и во Ирак, се поставува прашањето „што сега?“.

– Се обидуваме да го вратиме мировниот процес на вистинскиот пат и да обезбедиме малцинствата да не бидат изложени на малтретирање, изјави Матис за време на посетата на Финска.

Сунитската исламистичка група е потисната од нејзините последни урбани упоришта во Сирија – Рака и Дер ез Зор, како и од Мосул и Хавиџа во Ирак.

Контролата врз освоената територија ја држат разни групи, од ирачката и сириската армијата, проиранските шиитски групи до курдските паравоени единици.

Матис најави дека во следните денови ќе има средби со европски политичари на кои ќе се дискутира за иднината на Сирија и за тоа како да се спречи евентуално повторно враќање на Исламската Држава.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев