Матис ја пофали воената соработка меѓу САД и Египет

Од:

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис денеска во Каиро ја пофали „силата на воената соработка“ меѓу САД и Египет, пренесоа француските медиуми.

Матис, кој се наоѓа во својата прва турнеја по блискоисочните држави сојузници на Вашингтон, денеска беше примен од египетскиот претседател Абдел Фатах ас Сиси. Пред две недели Сиси беше во посета на американската престолнина, каде од Доналд Трамп доби пофалби за својата „фантастична“ работа.

Египетскиот претседател денеска го подвлече „стратегискиот“ карактер на билатералните односи со САД и повторно изрази надеж дека тие со Трамп ќе добијат нов поттик, посочи неговата канцеларија преку коминике.

Матис, од своја страна, ја пофали „силата на воената соработка и специјалните односи меѓу министерствата за одбрана на Египет и САД“, се наведува во египетското коминике.

Матис, кој е поранешен командант на американските сили на Блискиот исток, многу добро ги познава Египет и неговото воено раководство.

Би можело да ве интересира

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ