Масовно убиство во канадскиот град Едмонтон

Од:

Девет лица, меѓу кои две деца беа пронајдени на три места во Едмонтон, главен град на западната канадска провинција Алберта.

Полицијата соопшти дека убиствата се последица на домашно насилство и оти се претпоставува дека убиецот извршил самоубиство.

Првата жртва е жена и таа е пронајдена мртва вчера, кога полицијата пристигнала по добиена дојава за истрели во куќа во јужениот дел на градот.

Неколку часа подоцна во северниот дел на градот биле пронајдени телата на уште три жени, двајца мажи и едно момче и едно девојче, за време на полициска проверка извршена по претходна дојава дека депресивен маж планира да се самоубие.

Маж со таков опис бил пронајден мртов синоќа во ресторан во еден мотел.

Началникот на полицијата Род Нект изјави дека трите случаи се поврзани и додаде дека ова е најмасовното убиство во историјата на градот.

Би можело да ве интересира

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација