Масовно „не“ за ЕУ во Норвешка

Од:

Само 19 проценти од Норвежаните го поддржуваат зачленувањето на нивната земја во ЕУ.

Противниците на Унијата имаат предност во сите делови на Норвешка, меѓу сите возрасти и образовни нивоа на избирачите, покажуваат резултатите на најновото испитување на јавното мислење што институтот „Сентио“ го направи за норвешкиот весник „Натионен и класекампен“.

Попозитивни се избирачите кои гласаат за норвешката конзервативна партија Хоире. Од нив само 60,8 проценти се изјасниле против ЕУ.

– Членството во ЕУ во каков било случај нема да биде актуелно во текот на наредниот мандатен период на норвешкиот Парламент-Стортинг, вели Торбјорн Рое Исаксен од конзервативната Хоире.

За разлика од избирачите, повеќе од половина од кандидадтите за пратенци во Парламентот во Осло се приврзаници на зачленувањето во ЕУ, според испитувањето што го спроведе организацијата „Не за ЕУ“.

Парламентарни избори во Норвешка ќе се одржат во септември.

Би можело да ве интересира

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани

Норвешка ја призна палестинската држава

Катерина Ѓуровски