Масовниот убиец Брејвик наскоро ќе биде преместен во друг затвор

Од:

Андерс Беринг Брејвик, човекот осуден за убиство на 77 луѓе за време на терористички напад во 2011 година во Норвешка, треба да биде префрлен во нова затворска установа, дел од долгодоговорениот план да му се обезбедат ново опкружување.

Тој ќе биде префрлен од затворот Телемарк во Скиен во објект во Рингерике, соопштија денеска норвешката затворска служба, јави ДПА.

Брејвик уби осум лица со автомобил-бомба во Осло на 22 јули 2011 година, по што се упати кон островот Утоја и го нападна младинскиот камп на социјалдемократската партија. Вкупниот број на убиени беше 77 лица, претежно млади луѓе.. Неколку негови жртви беа убиени кога притрчаа кон него да побараат помош, бидејќи тој беше облечен како полицаец.

Брејвик е во изолација во затворот Скиен од 2013 година. Иако доби само 21-годишна затворска казна, во неговата казна се вградени одредби според кои може да се пролонгира до доживотен затвор. Поради тоа, предвидени се повремени промени на локацијата, иако безбедносните процедури се прилично слични меѓу двете институции.

Новиот објект Рингерик се наоѓа на Тирифјорд, што значи дека тој ќе биде на само 10 километри од Утоја.

Брејвик неодамна не успеа во обидот за предвремено ослободување, откако долго време се жалеше на условите во Скиен.

Властите не кажаа кога ќе биде трансферот, но посочија дека ќе биде наскоро.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Масовниот убиец Андерс Брејвик поднесе тужба против Норвешка, му била ограничена комуникацијата со надворешниот свет

Масовниот убиец Брејвик со нацистички поздрав го почна сослушувањето за условно ослободување

А1он

Норвежанецот кој пред 10 години уби 77 луѓе бара да биде ослободен од затвор

Ана Ололовска

Норвешкиот масовен убиец Брејвик бара да излезе од затвор идната година

Жарко Настоски

Норвешкиот масовен убиец Брејвик го смени името во Фјотолф Хансен

Наум Локоски