Масовни протести во Манила по повод Самиот на АПЕК

Од:

Повеќе илјади демонстранти се собраа денеска во центарпт на Манила, на протести по повод Самитот на земјите од организацијата АПЕК, што годинава се одржува во главниот град на Филипини.

Во протестите учествуваат стиденти и припадници на разни левичарски и работнички групи кои извикуваа пароли против оваа организација која е создадена за унапредување на економската соработка на државите од Азија и Пацификот.

Демонстрантите ја нерекуваа оргамизацијата „АПЕК е ѓубре„ и „АПЕК е против работниците„ додека антиглобалистите побараа нејзино расформирање.

Лидерот на локалните антиглобалисти Ренато Рејес изјави дека АПЕК е „имепријалистичка и глобалистичка организација, од која полза имаат само богатите држави„.

Најнасилните демонстранти се судрија со бројните полициски сили, откако толпата луѓе ги урна полициските огради, по што дојде до тепачка.

Во обид да воспостави ред, полицата употреби водени топови.

Самитот на земјите од АПЕК годинава е во сенка на територијалните спорови и недоразбирања на земјите од регионот на Јужно Кинеско Море и НР Кина, откако властите во Пекинг ја засили својата присутност во тој дел од Југоисточна Азија, претендирајќи дека станува збор за кинески територијални води.

Годинешниов АПЕК се одржува во услови на силни безбедносни мерки, стравувајќи од можен терористички напад.

За безбедноста на Самитот во Манила се грижат десетина илјади полицајци и војнци.

Земјите од АПЕК изготвија и заедничка антитерористичка декларација, во која се осудуваат сите акти на тероризам и се истакнува итната потреба од интензивирање на меѓународната соработка и солидарноста во борбата со тероризмот.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод