Масовни протести во Канада против воведените епидемиолошки мерки

Од:

Десетици илјади луѓе протестираа на Олимпискиот стадион во Монтреал против воведените епидемиолошки мерки од страна на Владата за спречување на третиот бран од пандемијата на Ковид-19 во Канада.

Некои демонстранти биле уапсени на почетокот на протестот поради одбивање да носат маски и прекршување на полицискиот час.

Полицијата не соопшти точни податоци за бројот на демонстранти, но канадските медиуми објавија дека повеќе од 30.000 протестирале во Квебек и тоа е најбројниот митинг против ограничувањата во градот во изминатите месеци. Демонстрантите, игнорирајќи ги правилата за социјално дистанцирање, изјавија дека ограничувањата наметнати од власта во Квебек се „неоправдани“.

Тие го критикуваа задолжителното носење маски на собири на отворено и полицискиот час воведен од почетокот на јануари, мерка која не е наложена во Канада уште од појавата на шпанскиот грип пред еден век.

Премиерот Џастин Трудо го нарече протестот „длабоко разочарувачки“.

– Иронијата е тука што кога луѓето ќе се соберат, тие се ставаат во опасност, ја шират инфекцијата и го продолжуваат времето во кое ќе треба да се соочиме со ограничувања и мерки за јавното здравје, истакна Трудо.

Канада регистрира повеќе од 1,2 милиони случаи на коронавирус и 24.200 починати, од кои над половина во Онтарио и Квебек.

Би можело да ве интересира

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски