Масовни протести низ Словачка бараат распуштање на владата поради проруската политика на Роберт Фицо

Од:

Откако опозицијата ја напушти седницата за изгласување недоверба на владата на Роберт Фицо, веќе втора недела во сите словачки градови траат протести на кои се бара пад на владата на Роберт Фицо поради нејзината поврзаност со Русија.

Десетици илјади незадоволни граѓани ширум Словачка протестираат против владата на Роберт Фицо. Длабоката политичка криза ја подели земјата, додека револтот на демонстрантите дополнително се засили со напорите на Фицо да создаде уште посилни врски со Русија.

Протестите во Братислава и другите градови низ земјата траат со недели, што го натера Фицо дополнително да ја засили својата реторика, обвинувајќи ги демонстрантите за обид за „државен удар“.

Гласањето за недоверба на словачката влада беше откажано оваа недела откако пратениците од опозицијата ја напуштија седницата на парламентот. Од друга страна, опозициските лидери посочуваат дека борбата против владата на Роберт Фицо се преселила на улица.

Меѓу бројните транспаренти кои ги држат насобраните демонстранти, голем број испраќаат пораки дека „Словачка не е Русија“ и дека Фицо не може да го имитира Путин и покрај неговата блискост со него.

Би можело да ве интересира

Фицо: Не ја поддржувам војната, ниту воена и финансиска поддршка за Украина

А1он

Во инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји