Масовни антикинески демонстрации во Виетнам

Од:

 Повеќе илјади луѓе учествуваа во антикинеските демонстрации одржани во повеќе градови во Виетнам, осудувајќи ја политиката на Кина во најновиот територијален спор меѓу Ханој и Пекинг, во Јужното Кинеско Море.

Најмасовните протести се одржаа во виетнамскиот главен град Ханој, каде демонстрантите, во најголем број студенти и воени ветерани, се собраа пред кинеската амбасада, пеејќи патриотски песни и носејќи транспаренти на кои бараа од Кина „да престане со освојувањето на Виетнам“.

Тензиите меѓу двете соседни земји ескалираа откако во почетокот на овој месец дојде до судир меѓу виетнамски и кинески бродови, покрај платформата за дупчење нафта во Јужното Кинеско Море, во близината на спорните острови Парасел. За оваа група мали островчиња и гребени, кои Виетнамците ги нарекуваат Хоанг Са, а Кинезите Ксиша, се спорат Виетнам, Кина и Тајван. Станува збор за стар спор за кои веќе расправаа и министрите од организацијата АСЕАН, но интересот за нив се зголеми кога крај нив се откри нафта.

Официјален Ханој реагираше остро на инцидентот со кинеските бродови и го обвини Пекинг дека најновите случувања „само ја покажуваат кинеската агресивност кон виетнамската територија“. Антикинеските протести ширум Виетнам беа најголемите досега одржани демонстрации во оваа комунистичка држава, па се верува дека тие се организирани со дозвола на властите. Сите досегашни барања за организирање протести против кинеската „агресивна политика„ кон виентнамската територија, властите во Ханој ги одбиваа од страв дека тие би можеле да бидат превземени од домашните про-демократските активисти и да прераснат во антивладини демонстрации.

Виетнам и Кина долги години беа блиски пријатели и сојузници. Сојузништвото започна уште во годините на деколонизацијата на Индокина, во педесетите години на 20 век, а се унапреди во наредните децении, кога Пекинг беше главниот сојузник на тогашниот Северен Виетнам и на јужновиетнамското партизанско движење Виетконг во војната против властите во тогашен Сајгон, а подоцна и против Американците, која заврши 1975 година, со обединување на дотогаш поделениот Виетнам.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени