Масовен прекин на електрична енергија го погоди Амстердам

Од:

Големи региони на Амстердам беа засегнати од прекин на електрична енергија, поради што запре движењето на трамваите и возовите, а многу електрични патни знаци престанаа да работат.

Електро-дистрибуцијата „Лиандер“ соопшти дека 360.000 домакинства останале без електрична енергија рано изутрина.

Прекинот се случил кратко пред 8.00 часот, по локално време, но илјадници лица од соседниот град Зандам се се уште без електрична енергија.

Националната железничка компанија „Ен Ес“ предупреди дека последиците од прекинот се чувствуваат во целата земја поради сопирањето на возовите од и до Амстердам.

Засега не е јасна причината за прекинот.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Силна експлозија во Холандија

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски