Маск за поддршката на поранешната сопруга на Бил Гејтс за Бајден: Тоа може да биде пропаст на Западот

Од:

Мелинда Френч Гејтс, поранешна сопруга на мултимилијардерот Бил Гејтс, неодамна јавно го поддржа Џо Бајден во неговата кандидатура за втор претседателски мандат во Соединетите Американски Држави. Но, тоа предизвика незадоволство кај мултимилијардерот Илон Маск.

Имено, Маск на социјалната мрежа Х напиша дека оваа поддршка може да значи „пропаст на западната цивилизација“. Во март оваа година, тој на сличен начин ја критикуваше Мекензи Скот, поранешна сопруга на мултимилијардерот Џеф Безос, за нејзината одлука да донира дел од своето богатство во хуманитарни цели.

„Поранешните сопруги на супербогатите треба да бидат меѓу причините зошто западната цивилизација умре“, рече Маск во март оваа година и преку социјалната мрежа X, но подоцна ја избриша оваа објава.

Освен тоа, Маск постојано го критикуваше сегашниот претседател Бајден откако неговата Тесла беше отсутна на претседателскиот самит посветен на електричните возила во 2021 година, поради големиот број мигранти но и ја обвини Демократската партија на Бајден дека е контролирана од синдикатот.

Во ноември минатата година во интервју за Њујорк Тајмс изјави дека тешко дека ќе гласа за Бајден на овогодинешните претседателски избори. Но, тој не го поддржа ниту неговиот противкандидат Доналд Трамп, пренесува американскиот бизнис портал Business Insider.

Би можело да ве интересира

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

Премиерот на Шпанија го обвини Илон Маск дека ја поткопува европската демократија

А1он

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

„Не го хранете тролот“ – Олаф Шолц за Илон Маск

Бајден го одликуваше Сорос, Маск објави фотомонтажа: „Ова е травестија“

Маск: Кралот Чарлс треба да го распушти парламентот и да распише избори