Маск соочен со официјално предупредување од американскиот антимонополски регулатор и со оставки на менаџерите во Твитер

Од:

Бурното преземање на Твитер од страна на Илон Маск и вчера продолжи да предизвикува конфузија во јавноста и посебно во неговата нова фирма, по оставките на првите луѓе на оваа социјална мрежа и реткото предупредување од американската антимонополска агенција (FTC).

-Со голема загриженост ги следиме најновите случувања на Твитер. Ниту еден извршен директор или компанија не е над законот, изјави портпаролот на регулаторот ФТЦ.

Портпаролот потсети дека платформата мора да биде во согласност со одредени правила, согласно условите од договорот потпишан со Агенцијата за безбедност и доверливост на податоците.

Договорот, што беше изменет годинава, „ни дава нови алатки за да се увериме дека тој ќе се почитува и ние сме подготвени да ги искористиме“, додаде портпаролот, мислејќи на казната што може да ја наложи ФТЦ.

Сопственикот на „Тесла“ и на „СпејсИкс“ пред една недела отпушти половина од вкупно 7.500 работници на калифорниската компанија, десет дена откако го презеде и стана нејзин единствен извршен директор.

Стотици други вработени си заминаа уште летово, а оставките на раководството на компанијата продолжија и минатата недела. „Вашингтон пост“ пишува дека неколку директори си заминале, вклучувајќи ги и раководителите за доверливост на податоците и деловно усогласување.

Маск загрижува многу власти, огласувачи, организации за заштита на малцинствата и корисници.

Тој постојано се обидуваше да ги смири сите со напомена дека не е променето модерирањето на содржините и заштитата од злоупотреба на платформата.

Но, одлуките што ги носи на брзина и неговите провокации на Твитер веќе две недели поттикнуваат различни контроверзи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска

Маск го врати профилот на Трамп на Твитер

Ана Ололовска

Маск бара од корисниците на Твитер да гласаат за враќањето на Трамп на мрежата

Ана Ололовска

Маск ги укина бесплатните оброци за работниците на Твитер

Ана Ололовска

Во своето прво обраќање до вработените на Твитер, Маск зборуваше за намалување на персоналот

Ана Ололовска