Маск се именуваше за нов извршен директор на Твитер и се назначи за единствен член на одборот

Од:

Американскиот милијардер и сопственик на Space X и Tesla Motors, Илон Маск, се именуваше за нов извршен директор на Twitter, откако го распушти одборот на директори и најави ново реструктуирање.

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави, повикувајќи се на извори блиски до Маск, дека неговиот тим планира да отпушти околу 25 отсто од работниците во првиот круг од реструктуирањето.

Адвокатот Алекс Спиро, долгогодишен правен застапник на Маск, ги водеше дискусиите за претстојните отпуштања, пренесува „Танјуг“.

Откако ја презеде контролата врз Твитер минатата недела, Маск ги отпушти главните директори на компанијата, вклучувајќи го извршниот директор Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика, Виџеј Гад.

Маск, исто така, го распушти одборот на директори на Твитер и се назначи себеси за единствен член на одборот, се вели во поднесокот до американската Комисија за хартии од вредност.

Маск подоцна објави на Твитер дека распуштањето на одборот е „само привремено“.

Маск минатата недела ја презеде контролата врз оваа социјална мрежа за повеќе од 44 милијарди американски долари.

Би можело да ве интересира

Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари

А1он

Блумберг: Илон Маск е првиот човек со нето богатство од 400 милијарди долари

Горан Наумовски

Орбан се сретна со Трамп и Маск на Флорида: „Иднината започна“

Планиран атентат на Илон Маск

Маск ја прошири тужбата против OpenAI, сега го тужи и Мајкрософт

Гардијан се повлекува од X мрежата на Маск, вели дека станала „токсична“