Мас со повик за откажување на маршот на десничарите од ПЕГИДА

Од:

Министерот за правда на Германија, Хајко Мас апелираше до антиисламистичкото движење Европски патриоти против исламизација на Западот (ПЕГИДА) да го откажат својот марш планиран за утре.

Тој истакна дека немаат право да ги злоупотребуваат убиствата од страна на џихадистите во Париз.

Во изјава за Билд тој вели дека ПЕГИДА е „лицемерна“ десничарска популистичка група. Според него, ако организаторите имале малку пристојност тие сами би ги откажале демонстрациите.

– Жртвите не заслужуваат да бидат злоупотребени, нагласи Мас.

ПЕГИДА одржува еднаш неделно маршеви од октомври во Дрезден и привлече минатиот понедленик на собирот околу 18.000 учесници.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски