Мас: Русија да помогне во истрагата за случајот на Навални

Од:

Русија треба да помогне во истрагата за случајот со лидерот на опозицијата Алексеј Навални, кој е примен во една берлинска болница под сомнение дека е отруен, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, во пресрет на европските консултации по повод овој случај.

– Очекуваме Русија да се приклучи на напорите за целосно разјаснување што навистина се случило, но во моментот тоа не изгледа така. Денеска ќе разговараме за тоа на министерско ниво на ЕУ и ќе биде полесно Москва да се приклучи во истрагата, рече Мас.

Тој додаде дека во спротивно, прашањето ќе остане отворено и дека ЕУ ќе треба да одлучи што понатаму.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он