Мартина Хингис го претепала сопругот

Од:

Поранешната најдобра светска тенисерка Швајцарката Мартина Хингис (32), е осомничена за семејно насилство. Нејзиниот сопруг Тибалт Хутин тврди дека таа го претепала и тоа со помош на мајка и и партнерот на мајка и.

Хутин уште порано јавно ја обвинуваше сопругата дека го изневерува со голем број мажи, но сепак некое време и простувал. Во последно време брачната двојка живее одвоено, а оваа недела во нивниот заеднички стан се случил инцидент, кој делумно го потврди и швајцарската полиција.

– Во понеделникот навечер бевме повикани на интервенција. Сопругот пријави сериозен проблем во домот, поради што излеговме на терен за да ја решиме ситуацијата, рече портпаролот на женевската полиција.

Хутин ја раскажа својата верзија за швајцарскиот дневен весник „Blick“.

– Во понеделникот навечер бев во нашиот заеднички стан кога се појавија Мартина, нејзината мајка Мелани Молитор и партнерот на мајка и Силвио. Наскоро почнаа да ме тепаат, а бидејќи моето воспитување налага да не тепам жени, не возвраќав. После тоа и Силвио ме погоди со ДВД уред. Кога заминаа, сфатив дека ми го зеле пасошот и кредитните картички. Веднаш после тоа викнав полиција, раскажа Хутин, кој има 30 дена да олучи дали ќе ги тужи наведените напаѓачи.

Хингис за сега не се огласила за да ја изнесе својата верзија на случувањата.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Откажан Австралија опен

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски