Мартин Шулц: EУ има потреба од Велика Британија

Од:

Европската унија има потреба од Велика Британија како полноправна членка на Унијата, изјави денеска претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц по обраќањето на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој побара свикување референдум за членство на земјата во ЕУ.

Камерон вети дека ако биде реизбран, ќе организира референдум до 2017 година. Во обраќањето тој повика односите со ЕУ да бидат фокусирани врз единствениот пазар.

– Имаме потреба од Велика Британија како полноправна членка на Унијата, која не останува закотвена во пристаништето во Довер, напиша Шулц на својот Твитер профил.

Тој додаде дека Велика Британија може да учествува во трансформирањето на ЕУ, работејќи со партнерите, додаде тој.

Претседателот на ЕП остро го критикуваше говорот на Камерон за ЕУ. – Реформите, кои беа неопходни за тоа ЕУ да остане поефикасна, подемократска и потранспарентна, претрпеа крах делумно поради позицијата на Велика Британија, изјави Шулц.

Според него, Камерон сака да ја доведе ЕУ до ниво на внатрешен пазар.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер