Марта Кос: Членството на Украина во ЕУ е сигурно и нема да биде дел од преговорите со Русија

Од:

Европската комесарка за проширување Марта Кос денес изјави дека не е загрижена дека членството на Украина во Европската Унија ќе стане адут за преговарање во преговорите со Русија, додавајќи дека пристапувањето на Киев во Унијата е политички аспект на безбедносните гаранции.

„Се согласувам со нашата претседателка (Европската Комисија Урсула фон дер Лајен) дека членството (на Украина) во ЕУ е политички аспект на безбедносните гаранции. Јас го гледам на ист начин. Што се однесува до процесот на пристапување на Украина, навистина нема враќање назад“, рече Кос.

Кос нагласи дека не е можно да се обезбеди безбедност во Европа без стабилизација и дека „проширувањето може да игра голема улога во тоа“.

Би можело да ве интересира

Македонија мора да ги направи уставните измени, порача Марта Кос

Катерина Ѓуровски

Кос: ЕУ да се ослободи од стегите на консензусот

А1он

Кос: БиХ ќе се ослободи од странците кога ќе влезе во ЕУ

Горан Наумовски

Кос: Нема да бидеме безбедни сè додека земјите од Западен Балкан не бидат во ЕУ

Кос: Сребреница е длабока лузна во европската историја

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ