Марш против независноста на Каталонија во Барселона

Од:

Во Барселона денеска се одржуваат големи демонстрации на приврзаници на шпанското единство, откако на Каталонија и беше одземена автономијата поради прогласувањето независност.

Според полицијата, на собирот присуствуваат околу 300.000 лица, додека организаторите тврдат дека на настанот се присутни речиси еден милион луѓе.

Учесниците на собирот се противат на независноста на најбогатиот шпански регион, прогласена по референдумот одржан на 1 октомври, кој Мадрид го прогласи за незаконски.

Голем број демонстранти носат шпански знамиња, како и транспаренти со кои бараат апсење на разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.

Според организаторите, цел на маршот е да се одбрани единството на Шпанија и да се отфрли „нападот без преседан во историјата на демократијата“.

Нивниот слоган е – „Ние сме сите Каталонија. Здрав разум за коегзистенција“.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата