Марош Шефчович кандидат за нов претседател на Еврокомисијата

Од:

Актуелниот потпретседател на Европската Комисија задолжен за енергетската унија, Словакот Марош Шефчович, потврди дека ќе биде кандидат за претседател на идната Еврокомисија.

Шефчович во изјава за европскиот портал „Политико Европа“ потврди дека ваквиот предлог бил утврден вчера на средба на социјалдемократите од земјите членки на Вишеградската група (Чешка, Словачка, Унгарија и Полска) плус Бугарија.

– Подготвен сум да го прифатам овој предлог на нашите чешки партнери и позитивните сигнали на нашите други партнери во регионот, изјави Шефчович за „Политико“.

Тој нагласи дека европските социјалдемократи имаат да понудат многу решенија за сегашните предизвици во ЕУ.

– Би сакал, меѓу другото, да се фокусирам на начините да се модернизираат нашите економии, да се направат почисти, попаметни и истовремено осигурувајќи се дека никој не е оставен на страна, додаде Шефчович.

Европските избори треба да се одржат за речиси една година, кога ќе се обновува Европскиот парламент и ќе се бира новиот претседател на Европската комисија.

Како другите можни кандидати за наследник на Жан-Клод Јункер од редовите на социјалдемократите во Брисел се споменуваат и Германецот Мартин Шулц, кој е поранешен претседател на Европскиот парламент, како и актуелната висока претставничка за надворешна политика и бебзедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Сапак, како што јави дописничката на МИА од Брисел, шансите на Могерини се намалија со изборот на новата италијанска Влада и заминувањето на нејзината Демократска партија во опозиција.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска