Мароко одбива центри за мигранти на негова територија

Од:

Мароко е против тоа на негова територија да се градат какви и да е центри за мигранти за да не се дозволи зголемување на миграцијата кон ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Кралството Насер Бурита во интервју за „Велт“.

– Мароко генерално е против секакви центри. Тоа е дел од нашата политика кон миграцијата и е национална и суверена позиција, додаде Бурита.

Според него, создавањето на такви центри, како што се дискутира во ЕУ, е контрапродуктивно.

– За секој што ќе почне да гради центри, тие на крајот ќе станат само и единствено негов проблем, рече Бурита и додаде дека прашањето за нивно финансирање нема да го смени ставот на Мароко.

– Сите треба да преземеме дел од одговорноста за ограничување на миграцијата. Би било премногу поедноставено да се зборува дека тоа е работа само на Мароко, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски