Марк Руте: Путин мора да разбере дека Западот е обединет

Од:

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека е важно рускиот претседател Владимир Путин „да разбере дека Западот е обединет“ кога ќе почнат преговорите за ставање крај на војната со Украина.

„Не знам точно што му е на ум претседателот Путин, се разбира. Тој е силен преговарач, тој е многу непредвидлив, но на крајот, ако сакаме да постигнеме мировен договор, тој треба да биде вклучен“, рече Руте по денешната средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата во Брисел, пренесе Ројтерс.

Руте додаде дека Украина сигурно ќе биде вклучена во секој мировен договор, а претходно рече дека договорот мора да биде траен и дека Киев мора да биде вклучен во сите дискусии за него.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија ќе го зголеми потенцијалот и борбената готовност на своите вооружени сили

Зеленски: Путин ја започна Третата светска војна

Путин: Американските санкции врз Куба се неприфатливи

Путин: Ако Европа сака да војува, Русија е веднаш подготвена

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Зеленски: Путин не е во затвор, тоа е најголемиот компромис досега