Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО

Од:

Поранешниот холандски премиер Марк Руте е назначен за нов шеф на НАТО.

Одлуката доаѓа додека војната во Украина беснее на нејзиниот праг и неизвесноста надвисна околу идниот однос на Соединетите Држави кон трансатлантската алијанса.

Веста за назначувањето на Руте ја објави и досегашниот генерален секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Топло го поздравувам изборот на сојузниците на НАТО да го изберат Марк Руте за мој наследник. Марк е вистински трансатлантичар, силен лидер и создавач на консензус. Му посакувам секој успех додека продолжуваме да го зајакнуваме НАТО“ напиша Столтенберг на Икс.

Назначувањето на Руте стана формалност откако неговиот единствен ривал за оваа функција, романскиот претседател Клаус Јоханис, минатата недела објави дека се откажал од трката, бидејќи не успеал да добие доволно поддршка.

Се очекува Руте официјално да ја преземе одговорноста на самитот на лидерите на НАТО во Вашингтон на 9-11 јули, што се совпаѓа со 75-годишнината на НАТО.

Честитки упати и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која на Икс напиша дека „со нетрпение очекува да ја започне соработката“ со Руте.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Муцунски: Силата на солидарноста е главната карактеристика на НАТО сојузот, а во случајот со трагедијата во Кочани беше демонстрирана од се срце

Пет години членство на Македонија во НАТО

Наришкин: Варварското бомбардирање на НАТО на Југославија е злосторство што не се заборавa

Горан Наумовски