Италијанскиот премиер во оставка Марио Монти денеска на прес конференција изјави дека на парламентарните избори, закажани за 24 и 25 февруари следната година, ќе ја поведе коалицијата од центристички партии, кои ја споделуваат европската ориентација и ја поддржуваат неговата реформистичка програма.
Изјавата на Монти ја појасни неговата позиција за учество во престојното гласање, откако тој во неделата изјави дека може да пројави подготвеност да се избори за втор мандат, ако некоја политичка партија ја поддржи неговата реформистичка програма.
-Традиционалното делење меѓу „левицата“ и „десницата“ има историска и симболична вредност за земјата, но „не ја покажува реалната унија од која Италија има потреба- онаа што се фокусира врз Европа и реформите, изјави Монти откако се сретна со центристички политичари.
Тој кажа дека е подготвен да прифати „да биде именуван за лидер на коалицијата“.