Лидерката на националниот фронт на Франција Марин Ле Пен оценува дека ЕУ е „затвор“ и се изјасни против глобализацијата.
-Како Французинка ја бранам слободата и суверенитетот на својата земја. Немам страв од другите и ја поддржувам транснационалната соработка, како што е случајот со „Ербас“. Тоа функционира поинаку од „Европскиот Советски сојуз“, нагласи таа во интервју за виенскиот дневен весник „Стандард“.
Зборувајќи за еврото таа објасни дека Германија профитира од девалвацијата на еврото кон марката, додека за Франција еврото беше пресилно.
-Германија може евтино да произведува на исток, а Франција погрешно игра на картата на масовна имиграција, критикуваше Ле Пен.
Таа подвлече дека еврото не функционира и дека плановите за спасување „голтаат“ стотици милијарди, социјалните трошоци се високи и сега дојде и до почеток на расправии меѓу Европејците.
-Ангела Меркел во јужна Европа може да се движи само со помош на националната гарда. Дали Германија има реална намера да оди толку далеку. Сакаат ли тие по помирувањето во Европа повторно да бидат растурачи, запраша Ле Пен.
Таа додаде дека е против глобализацијата, истакнувајќи дека слободната трговија е „глупост“
-Слободната трговија може да функционира само меѓу земји што имаат слични социјални и еколошки стандарди, бидејќи во спротивно се заканува дампинг, предупреди таа укажувајќи дека, со цел да се заштити француското производство, прибегнала кон „интелигентен протекционизам“ кон земјите како што е Кина.