Марин Ле Пен бара оставка од директорот на францускиот јавен радиодифузен сервис

Од:

Лидерката на француската крајно десничарска партија Национален собир (RN), Марин Ле Пен, побара директорката на јавниот радиодифузер Франс Телевижн да поднесе оставка откако го нарече приватниот телевизиски канал CNews крајно десничарски.

Ле Пен изјави дека директорката на јавниот радиодифузер, Делфин Ерно, со тоа „се откажала од својата улога“, објави Ле Фигаро.

„Јавна тајна е дека Ерно е многу левичарски активист, но сега отиде чекор понатаму“, рече таа.

Ле Пен изјави дека јавниот радиодифузер треба да се приватизира.

„Поради оваа изјава, Ерно треба да си замине.

– Не е до директорката на јавен радиодифузер да им дава етикети на приватните канали, рече Ле Пен.

Според Ле Пен, неутралноста е потребна од јавните радиодифузери, а не од приватните канали.

„Јавниот сервис финансиран од Французите мора да биде беспрекорно неутрален, а не е“, тврди Ле Пен.

Таа додаде дека голема демократија како Франција нема причина да троши четири милијарди годишно на пристрасна медиумска куќа од гигантски размери.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен не се откажува: „Имам мала надеж дека ќе се кандидирам на претседателските избори во 2027 година“

Ле Пен го нападна Макрон: Ова се индиции дека се подготвува да не вовлече во војна

А1он

Ле Пен: Мирно ќе се борам против судската пресуда, инспирирана сум од Мартин Лутер Кинг

Горан Наумовски

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Нова истрага против Марин Ле Пен

Мелони застана во одбрана на Ле Пен. „Се одземаат правата на милиони граѓани“