Марин: Финска донесе „историска“ одлука да и испорача оружје на Украина

Од:

Финска донесе „историска“ одлука да и испорача оружје на Украина по руската инвазија на нејзиниот прозападен сосед, објави премиерката Сана Марин.

„Финска ќе обезбеди воена помош за Украина. Тоа е историска одлука за Финска“, изјави Марин на прес-конференција.

Поголемиот дел од Финците сега се за влез во НАТО, според анкетата објавена денеска што се толкува како историска промена во ставот и голема промена во споредба со пред само неколку месеци.

Според анкетата, нарачана од јавниот радиодифузен сервис Yle, 53 отсто од Финците го поддржуваат пристапот на нивната земја во воената алијанса, 28 отсто се против, а 19 отсто не биле сигурни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

„Њујорк Тајмс“: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Макрон: Франција и Велика Британија предлагаат еднонеделен прекин на огнот во Украина

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ