Марија Захарова: Украинското претседателство долго време е рај за неонацистите

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, зборувајќи по повод назначувањето на поранешната канадска министерка за надворешни работи, Кристија Фриланд, за специјален советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека украинското претседателство долго време е засолниште за неонацистите.

Захарова на својот Телеграм канал потсети дека Фриланд е внука на нацистичкиот соработник Михаил Хомјак, кој бил „вистински портпарол на пропагандата на Третиот рајх“, чии активности биле следени од нацистичките разузнавачки служби.

Според Захарова, токму Кристија Фриланд стоела зад говорот на нацистичкиот соработник и волонтер во СС дивизијата, Јарослав Хунка, во канадскиот парламент, каде што добил овации, објави РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија