Марихуана во чешки аптеки

Од:

Марихуана од денес е во продажба во аптеките, ширум Чешка, поради новиот закон со кој се легализира продажбата на лесната дрога за медицински цели.

Медицинската марихана ќе се издава само со рецепт и е наменета за пациенти кои што се болни од рак, Паркинсова болест, мултиплекс склероза или псоријаза, пренесе „Франс прес“, наведувајќи дека новиот закон предвидува покривање на здравствено осигурување за нејзина куповина.

Оваа членка на ЕУ од 2004 година има најлиберален пристап за лесните дроги во Европа.

Кај оние кај кои што ќе се пронајде 15 грама марихуана или кои ќе одгледуваат пет стебла на канабис, ќе се соочат со мали казни.

Според националниот извештај за наркотици во 2011 година, 16 проценти од жителите на возраст од 15 до 34 години користат марихуана, што е помалку отколку во претходните години, кога процентот беше 20,3.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица