Маргот Валстром не е добредојдена во Израел

Од:

Шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром минатата недела го одложи планираното патување за Израел, поради „пребукираниот календар“.

Но, според медиумски сознанија, како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, одлагањето на посетата на Валстром се должи на тоа што таа не е добредојдена во официјална посета на Израел.

– Не би и биле овозможени официјални средби во случај на нејзина посета на Израел. Не е никава тајна дека Израел гледа на признавањето на државата Палестина од страна на Шведска како на крајно необичен чин, вели за Шведското радио Емануел Накшон од израелското Министерство за надворешни работи.

Доколку Валстром отпатуваше во посета на Израел, нејзиниот престој, според Накшон, би бил третиран како приватна посета без „неопходните безбедносни мерки“.

Според службата за информирање при Министерството за надворешни работи на Шведска, патувањето на Валстром за Израел не е откажано, туку само одложено, за што постојат повеќе причини. Меѓу другото и поради тоа што во Израел е во тек предизборна кампања, па затоа „не би било добро да се планира официјална посета на Тел Авив“.

Истовремено, извори во шведското Министерство велат дека не им се познати податоците оти Маргот Валстром не би можела да оствари официјални средби во Израел, поради што и не можат да го коментираат тоа.

Шведската Влада официјално ја призна државата Палестина лани во декември.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег