Поранешната премиерка на Велика Британија Маргарет Тачер се чувствува добро по операцијата на која беше подложена денеска соопшти портпаролката на “железната дама”.
слика “Таа се чувствува многу добро”, изјави портпаролката, чие име не е објавено.
Маргарет Тачер (87) вчера беше сместена во болница со цел да се подложи на операција на мочниот меур, а според зборовите на нејзиниот поранешен советник Тим Бел, таа ќе остане во болница уште неколку денови.
Бел рече дека Тачер чувствувала болки оваа недела, и дека подоцна е сместена во болница, каде што веднаш е оперирана. “Операцијата во потполност беше успешна и нејзината состојба е задоволителна”, рече Бел.
Маргарет Тачер беше премиер на Велика Британија од 1979 до 1990 година. и е единствена жена во Обединетото кралство, која била на таа функција.