Мардок го затвора The Daily и се подготовува за реструктуирање на империјата News Corp

Од:

Сериозно реструктуирање на империјата News Corp на Руперт Мардок ќе се случи во следните неколку дена. Неколку извори се повод за оваа информација.

Не само што Мардок првиот човек на компанијата, најави голема поделба во рамките на News Corp., туку и еден од главните луѓе во медиумската империја ќе напушти еден од одделите, а еден проект е целосно прекинат.

Во понеделникот од News Corp јавија дека нивните iPad апликации за вести нема повеќе да бидат во употреба за неколку дена. Во друга најава, беше кажано дека Том Мокриџ, првиот човек во одделот News International division, ќе си отиде за да “бара друга прилика”

Покрај тоа, Мардок најави во меморандумот испратен оваа недела дека неговата меѓународна медиумска група ќе биде поделена во два оддела.

“Имам големи новости во врска со предложената поделба на нашата компанија во две големи глобални компании”, им напиша Мардок на вработените. “Во согласност со нашето богато 60-годишно наследство на известување, одделението на печатените изданија ќе го задржи името News Corporation.Делот кој се занимава со забава и ги содржи медиумите кои немаат печатени изданија, кои екстремно се истакнаа ангажирајќи се, забавувајќи и просветувајќи ги луѓето од целиот свет во речиси три децении ќе се вика Fox Group”.

Во меморандумот на Мардок не се спомнува ниту затворањето на дневниот весник The Daily ниту заминувањето на Мокриџ.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство