Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Од:

Пријателите на Кристина Јоксимовиќ, швајцарската манекенка со српско потекло, која беше убиена од нејзиниот сопруг, а потоа сомелена во блендер, се во шок поради грозоморното злосторство.

Многу пријатели на Кристина се во шок од веста за нејзината смрт и начинот на кој таа почина. Еден за швајцарски Блик изјави: „Ми изгледаа како совршено семејство“.

Парот кој се венчаше во 2017 година живееше во пространа куќа со поглед на природните убавини во богат дел на Базел, пренесува 20 Minuten.

Друг извор изјавил дека нивната врска со месеци била во криза, а полицијата претходно дошла по пријави за физичко насилство, пишува Дејли Мејл.

Само четири недели пред да биде убиена, Кристина на Инстаграм објавила слики од романтичен одмор, на кои е прикажан снежен пејзаж од луксузен хотел над езерото Луцерн.

Инспекторите рекоа дека нејзиниот сопруг Томас, кој беше уапсен за убиство, покажал „забележително ниво на криминална енергија“ и недостаток на емпатија откако ја убил сопругата, опишувајќи го како личност со „садистичко-социопатски особини“.

Кристина, родена во Бининген, од манекенство премина во обука за модел, инспирирајќи ги новите генерации. Таа ги обучуваше кандидатките за Мис на Швајцарија и деловните жени како да одат самоуверено.

Таа ја освоила титулата Мис на северозападна Швајцарија во 2003 година и била финалистка за Мис на Швајцарија во 2008 година.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Русинка е убиена на островот Маурициус откако преку Тиндер го запознала убиецот

Горан Наумовски