Малта ќе им дозволи влез на мигрантите блокирани на хуманитарните бродови

Од:

Малта ќе им дозволи пристап на нејзина територија на 49-те мигранти кои од минатиот месец се блокирани на два хуманитрани брода во близина на нејзините територијални води, соопшти денеска малтешкиот премиер Џозеф Мускат.

Владата на Малта на Твитер соопшти дека е постигнато ад хок решение помеѓу осум земји членки на ЕУ за прием на овие мигранти, меѓу кои се наоѓаат и деца, жени и адолесценти без придружба.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос на Твитер ја поздрави одлуката на Малта да им дозволи на мигрантите да ги напуштат бродовите.

– Среќен сум што нашите напори за симнување на мигрантите од бродовите во Малта дадоа резултати и дека сите кои се наоѓаат таму во овој момент излегуваат. Ја поздравувам Малта за дозволата за влез и земјите членки кои покажаа активна солидарност за прием на мигрантите, напиша Аврамопулос.

Двата хуманитарни брода, „Си Воч 3“ и „Си Ај“ пред Нова година ги спасија 49-те мигранти во водите на Средоземното Море и од тогаш се наоѓаат близу Малта, но властите во Ла Валата досега не им дозволуваа пристап на нивна територија, сѐ додека не се изнајде решение на европско ниво за распределување на барателите на азил.

Европската Комисија со денови разговара со земјите членки за изнаоѓање решение. Според дипломатски извори во Брисел, за прием на дел од мигрантите врз основа на заеднички договор се изјасниле Германија, Франција, Холандија, Луксембург, Ирска, Романија, Малта, Португалија и Италија. Шпанија би можела исто да прифати дел од мигрантите, но потсетува дека на 22 декември веќе прифати 300 мигранти спасени од шпанска невладина организација близу Либија.

Главен камен на сопнување во овие преговори е фактот што Малта бара да бидат распоредени и дополнителни 200 мигранти, спасени и прифатени на нејзина територија минатиот месец.

Германските хуманитарни организаци кои менаџираат со двата брода вчера ги повикаа земјите на Европската унија итно да ги прифатат 49-те мигранти, предупредувајќи дека нивната здравстевна состојба се влошува.

Невладините организации соопштија дека морале да воведат штедење на водата за пиење на бродовите, прашувајќи „дали некој од мигрантите треба да почине за да се најде решение“.

Би можело да ве интересира

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата