Фотографијата на тригодишното момче Ајлан Курди, како лежи мртво на плажа во Турција, го обиколи светот и стана симбол на страдањата на илјадниците луѓе кои се обидуваат да избегаат од војната во потрага по подобар живот.
Преку социјалните мрежи, фотографијата се прошири неверојатно брзо, а стигна и до голем број илустратори кои одлучија да ги направат омаж на несреќното тригодишно момче и да ги споделат своите илустрации преку Твитер, со хаштаг на турски #KiyiyaVuranInsanlik (Човештвото брегот).
Голем дел од овие илустрации се предупредувачки и апелираат до светската јавност да им се помогне на бегалците.