Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес изјави дека не е за конфликт со САД, но дека пред сè мора да ги брани националните интереси на Италија и да каже кога не се согласува со американскиот претседател Доналд Трамп.
Одговарајќи на новинарско прашање за состојбата на односите со САД по нападите на Трамп врз НАТО и неговите европски сојузници, Мелони рече дека ова е делот каде што не се согласува со него, пренесува Анса.
– Сè уште верувам дека, на геополитичко ниво, Европа нема многу што да добие од конфликт со САД, но нашата работа е, пред сè, да ги браниме нашите национални интереси и кога не се согласуваме, мора да го кажеме тоа. И овој пат не се согласуваме, рече Мелони.
