Малезија сака ДНК примероци од семејството на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун

Од:

Малезија нема да и го предаде на Северна Кореја телото на Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој беше убиен пред неколку денови, доколку семејството не испрати ДНК примероци, соопшти денеска малезиската полиција.

– Досега ниту еден член на семејството или близок не дошол да го идентификува телото. Имаме потреба од ДНК примероци од член на семејството за да го потврдиме идентитетот на починатиот, наведе претставникот на малезиската полиција Абдул Мат.

– Северна Кореја побара телото да биде вратено, но прво треба да го идентификуваме, дополни Мат.

Малезискиот вицепремиер Ахмад Хамиди изјави вчера дека лицето што беше убиено во понеделникот на аеродромот во Куала Лумпур всушност е Ким Џонг-нам.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“