Малезија ќе издаде потерница за Хбон Куан-сон ако тој доброволно не се појави на распит

Од:

Малезиските власти денеска соопштија дека ќе издадат потерница по севернокорејскиот дипломат Хбон Куан-сон, ако тој не прифати да се појави на распит во врска со убиството на Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

– На дипломатот ќе му биде даден „разумен“ рок да се појави доброволно во полицијата, пред таа да преземе натамошни дејствија и да го принуди да соработува со малезиската власти, изјави Абдул Самах Мат, началникот на полицијата во државата Селангор.

– Ако тој одбие да соработува во истрагата и не се јави на повикот, ние ќе го преземем следниот чекор и ќе добиеме од Судот наредба за апсење, посочи Мат.

Во средата малезиските власти соопштија дека сакаат да го сослушаат Хбон Куан-сон (44) – вториот секретар во Амбасадата на Северна Кореја во Куала Мумпур, во врска со убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој беше отруен на 13 февруари со нервните агенси „Ви Екс“, што се класифицирани од ОН како оружје за масовно уништување.

Се трага по осум Севернокорејци во врска со ова дело, вклучувајќи го и дипломатот.

Еден од нив е уапсен од страна на полицијата во Малезија, четворица успеале да избегаат во Северна Кореја, а други двајца се се уште во Малезија.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт