Малезија ќе го ослободи и депортира Севернокореанецот уапсен за убиството на Ким Џонг-нам

Од:

Малезискиот државен обвинител Мохамед Апанда Али изјави денеска дека ќе биде ослободен севернокорејскиот државјанин Ри Јонг Чол, кој беше уапсен во врска со убиството на Ким Џонг-нам, а потоа веднаш ќе биде депортиран.

– Чил е слободен човек, затоа што полицијата има слаби докази за да може да се покрене формално обвинување против него, изјави обвинителот.

Последниве три години тој живеел во Малезија, а беше уапсен четири денови по убиството на Ким, но властите во Куала Лумпур досега не објаснија зашто Чил беше во притвор.

Според локалните медиуми, неговото депортирање не се поврзува со случајот со убството, туку затоа што истекол рокот на неговата работна виза, па тој повеќе не може да престојува во Малезија.

Ким Џонг-нам, полубрат на севернокорејскиот лидер Кин Џонг-ун беше убиен на 13 февруари, на аеродромот во Куала Лумпур, со нервниот гас „Ве-Икс“.

Малезиските власти, како и Јужна Кореја и САД, за убиството го обвинија режимот во Северна Кореја.

За убиството, малезиската полиција уапси, а од вчера и формално обвини две жени- една Вијетнамка и една Индонежанка.

Властите во Малезија трагаат по неколкумина Севернокорејци, сите осомничени дека биле дел од заговорот за убиството на Ким Џонг-нам. Меѓу нив , како осомничен се бара за сослушување и еден функционер во амбасадата на Северна Кореја во Куала Лумпур.

Убиството на полубратот на лидерот на Северна Кореја на малезиска територија, предизвика влошување на дипломатските врски меѓу Куала Лумпур и Пјонгјанг, откако Севернокорејците ги обвинија Малезијците дека тие се виновни за убиството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“