Малала Јусафзаи доби американски Медал на слободата

Од:

На најмладиот лауреат на Нобеловата награда за мир, Пакистанката Малала Јусафзаи синоќа во Филаделфија и беше врачен Медал на слободата, награда која секоја година ја доделува американскиот Уставен национален центар.

Приемот на медалот, 17-годишната Малала го искористи за повторно да апелира за мир и за право на обрзование за сите.

– Ниту една девојака, ниту едно дете, во кој било дел на светот, не треба да биде лишено од правото на образование, рече Јусафзаи по приемот на признанието, кое се доделува како награда за придонес во заштитата на слободата.

Наградата изнесува 100.000 долари, кои, како што изјави Малала, ќе ги донира за поддршка на образованието, како и за хуманитарни цели во Пакистан.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски