Мал авион се урна врз куќа во Германија – пилотот загина

Од:

Претпладнево околу 11:00 часот, мал авион се урна врз станбена куќа во Гандеркезе, во сојузната покраина Долна Саксонија.

Полицијата потврди дека едно лице загина, се претпоставува дека тоа е пилотот на авионот. Во моментот на несреќата, станарите не беа во куќата, пишува „Билд“.

Сино-белото летало претходно изгуби висина, а потоа под агол се урна низ ќерамидите директно во поткровјето. Пилотската кабина беше целосно уништена, крилата отпаднаа, а делови од остатоците паднаа на земја.

На местото на несреќата набрзо пристигнаа бројни спасувачки служби.

Пожарникарите користеа скала за да го прегледаат покривот, додека полицијата го обезбеди поширокиот простор.

Сè уште официјално не е потврдено дали загинатиот е пилотот.

Постојат индиции дека во авионот имаше уште едно лице кое сè уште не е пронајдено, а спасувачките екипи се обидуваат да го лоцираат со помош на дронови.

Според првичните информации, авионот полета од аеродромот во Бремен непосредно пред несреќата.

Би можело да ве интересира

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он