Макрон во Будимпешта бара „заеднички јазик“ со Орбан за безбедноста на ЕУ

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на неговата денешна посета на Будимпешта, вети дека ќе работи со унгарскиот премиер Виктор Орбан за области од взаемен стратешки интерес.

Иако ги призна своите политички несогласувања со лидерот на Унгарија, Макрон сепак најави дека ќе бара заеднички јазик со Орбан за стратешката автономија на Европа.

Говорејќи пред новинарите на самитот за источноевропските лидери во главниот град на Унгарија, Макрон призна дека има „добро познати политички несогласувања“ со Орбан. – Но, пред Франција да го преземе ротирачкото претседателство со ЕУ на 1 јануари 2022 година, Макрон рече дека е „подготвен со унгарскиот лидер да разговара за суверенитетот на Европа – односно што значи тоа“.

Од своја страна, Орбан рече дека на Европа и е потребна стратешка автономија во три области. – Ја поддржуваме политиката на заеднички европски одбранбени капацитети, нуклеарна енергија и силен европски земјоделски сектор, рече тој

Изворите на несогласување и тензии меѓу двајцата лидери ги вклучуваат правата на ЛГБТ и имиграцијата. Макрон пред неколку месеци укажа на „културна битка“ со Унгарија и некои од нејзините соседи, признавајќи го продлабочувањето на јазот со сè понаметливите нелиберални лидери што ја повредува кохезијата на ЕУ.

Областите во кои двајцата водачи најдоа заеднички јазик вклучуваат притисок врз ЕУ да ја промовира нуклеарната енергија и да ја признае како зелена инвестиција.

Макрон истакна дека постојат разлики мешу двете земји и за миграциската политика на ЕУ.

Меѓутоа, сегашната ситуација на полско-белоруската граница е од таква природа „што нè тера да размислуваме за реорганизација за да го спречиме приливот на миграција и подобро да ги заштитиме нашите граници“, рече Макрон. Изјавата се однесува на стотиците мигранти кои се заглавени на границата меѓу Белорусија и Полска во криза за која се вели дека е оркестрирана од Минск, наведува ДПА.

За време на администрацијата на Орбан, Унгарија упорно одбива да прима мигранти, уште од бегалската криза во 2015 година.

– Имаме политички несогласувања (со Унгарија) кои се добро познати, но имаме и желба да работиме заедно за оваа Европа, потенцирапе Макрон.

Макрон отпатува во Будимпешта на самитот на Вишеградската група, составена од Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, во пресрет на француското претседателство со Советот на Европската унија, со почеток на 1 јануари.

Агендата на Макрон во Унгарија вклучуваше i посета на гробот на филозофот Агнес Хелер, противничка на Орбан. Макрон ја запозна Хелер пред нејзината смрт во 2019 година. Таа беше застапник на либералната демократија и силен критичар на Орбан, кого го обвини дека ја поткопува демократијата.

Родена во 1929 година во Будимпешта, Хелер го преживеа холокаустот, но поголемиот дел од нејзиното семејство било убиено од нацистите.

Би можело да ве интересира

Орбан и објави „војна“ на левицата: Допрва доаѓа времето на патриотите, вие сте неспособни

Орбан: Економските проблеми на Унгарија се резултат на војната во Украина

А1он

Сиљановска Давкова-Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ

А1он

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна

Орбан: Да се ​​најдат начини да се врати мирот во Европа

Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта