Макрон: Велика Британија е пријателска и сојузничка нација, без разлика на нејзините лидери

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја нарече Велика Британија сојузник, без разлика „кои и да се нејзините лидери“.

Неговата изјава е дадена отако вчера Лиз Трас, која сега е министер за надворешни работи на Велика Британија, на дебата на раководството на Конзервативната партија во градот Норвич изјави дека не може дефинитивно да каже дали го смета Макрон за „пријател или непријател“.

– Британскиот народ, Велика Британија, е пријателска, силна и сојузничка нација, без разлика на нејзините лидери, изјави Макрон.

Францускиот претседател се осврна и на користењето цивилни нуклеарни постројки како инструмент во војната во Украина, каде централата под руска контрола е исклучена од електричната мрежа.

– Војната во каков било случај не смее да ја поткопа нуклеарната безбедност на земјата, на регионот и на сите нас. Цивилната нуклеарна енергија мора да биде целосно заштитена, подвлече тој за време на посетата на Алжир.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски