А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Макрон: Трамп сфатил дека Путин го излажал

by А1он26/05/2025 - 20:22169
Share0

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева оти „гневот“ на неговиот американски колега Доналд Трамп кон Русија конечно „ќе се претвори во акција“, особено кога станува збор за закани со „масовни“ санкции меѓу САД и Европа по викендот со катастрофални руски напади врз Украина.

Добивај вести на вибер

Американскиот претседател, кој би сакал да стави крај на војната во Украина, за својот руски колега Владимир Путин рече дека е „целосно луд“.

„Претседателот Трамп сфати дека кога претседателот Путин по телефон рече дека е подготвен за мир или кога им кажа на своите пратеници дека е подготвен за мир, всушност лажеше“, изјави Макрон пред новинарите во виетнамската престолнина Ханој.

„Во последните неколку часа повторно го видовме гневот на Доналд Трамп. Тоа е еден вид нетрпеливост и се надевам дека ќе се претвори во акција“, додаде тој.

„Во неколку наврати“ во минатото, американскиот лидер „ги осуди нападите“, рече Макрон. „Се надевам дека негодувањето што го изрази, а кое го споделуваме со него, ќе се трансформира во способност САД, заедно со Европејците, да му се заканат на Путин со сосема поинаков и многу посериозен пакет санкции, што ќе ни овозможи да ја одвратиме Русија и конечно да го завршиме овој конфликт. Тука е во прашање кредибилитетот на САД“, рече Макрон, додавајќи дека „разговарал“ за ова со Трамп.

Неколку европски лидери, вклучувајќи го и францускиот претседател, отпатуваа во Киев на 10 мај и, заедно со Вашингтон, ѝ поставија ултиматум на Русија веднаш да прифати прекин на огнот. Тие, исто така, се заканија со „масовни санкции“. Но, Москва го отфрли тоа барање, отворајќи ја вратата за директни преговори со Украина, кои досега постигнаа многу мал напредок.

makrontramp

Би можело да ве интересира

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Горан Наумовски10/04/2026 - 19:58

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски10/04/2026 - 18:5610/04/2026 - 18:57

„Дејли меил“: Трамп го замоли Џ.Д. Венс да најде излез од војната со Иран

Горан Наумовски10/04/2026 - 16:20

Трамп размислува за повлекување на американските трупи од Европа

Горан Наумовски10/04/2026 - 10:14

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трамп објави видео од маж кој со чекан убива жена: „Ако го увезеш Третиот свет, стануваш Трет свет“

Горан Наумовски10/04/2026 - 07:4710/04/2026 - 07:48

Трамп го доведе Нетанјаху до завршен чин

Горан Наумовски09/04/2026 - 22:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто