Макрон телефонски разговараше со Бајден

Од:

Четири дена по победата на кандидатот на демократите Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со новиот американски претседател за климатските промени и борбата против тероризмот, со кого се надева дека ќе соработува за големите меѓународни прашања, јави дописникот на МИА од Париз.

– Емануел Макрон му честиташе на Џо Бајден и неговиот потпретседател Камала Харис и ги увери во неговата подготвеност да работат заедно на современите теми: климата, здравјето, борбата против тероризмот и одбраната на основните права, се вели во соопштението на Елисејската палата.

Овој краток десетминутен разговор се случи четири дена по објавувањето на победата на демократите над Доналд Трамп.

Како и повеќето други европски лидери, Макрон му ја честиташе победата уште во саботата, повикувајќи го да дејствуваат „заедно“ за „да се одговори на денешните предизвици“.

Доаѓајќи на власт во 2017 година, Емануел Макрон никогаш не се сретнал со Џо Бајден, кој беше потпретседател на Барак Обама меѓу 2009 и 2017 година.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Зеленски: Зборував со Бајден за поддршката на САД за Украина

Бајден ја осуди одлуката на Мета да стави крај на програмата за проверка на факти