Макрон: Светот ја губи битката против климатските промени

Од:

Светот ја губи битката во борбата против климатските промени, изјави францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Самитот за климатски промени „Една планета“ во Париз.

Тој кажа дека не се реагира доволно брзо и дека сите мора да дејствуваат. Макрон побара нова енергија во напорите за справување со климатските промени, кои се ослабени по повлеквуањето на САД од Парискиот договор за климата.

Нема официјални американски претставници на Самитот во Париз, кој што се одржува по повод двегодишнината од склучувањето на Договорот за климата.

Денеска повеќе од 200 институционални инвеститори, со ресурси вредни 26 трилиони долари, се обврзаа дека ќе извршат притисок врз големите корпорации да преземат мерки во борбата против климатските промени.

Би можело да ве интересира

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Медведев: „Еј Макрон! Внимавај со својот нуклеарен арсенал!“

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина