Макрон реизбран за претседател: кои се следните чекори до парламентарните избори во Франција

Од:

По изборот на старо-новиот претседател Емануел Макрон, следува негова инаугурација, оставка на премиерот и формирање нова влада. Сега преостануваат неколку фази пред шефот на државата, доколку добие мнозинство во Националното собрание на 19 јуни, да ги започне реформите што ги вети, јави дописнкиот на МИА.

27 април: прогласување на резултатите од страна на Уставниот совет

Првата средба ќе биде онаа на официјалното објавување на резултатот и името на новиот претседател од страна на Уставниот совет. Според членот 58 од Уставот, всушност институцијата е одговорна за обезбедување на регуларноста на изборите и за објавување на резултатите. Како и во првиот круг, Уставниот совет ќе ги разгледа записниците од пребројувањето на гласовите, ќе ги верификува резултатите и ќе ги испита протестите и жалбите упатени до него за контрола на валидноста на гласачкото ливче.

Во случај на неправилности – како што е употребата на нерегуларна гласачка кутија, отсуство на потписи од гласачите или проверка на нивниот идентитет, операции на броење кои не се во согласност со законот или дури и недоследности помеѓу бројот на потписи и бројот на гласачки ливчиња во гласачка кутија – Уставниот совет може да поништи ги поништи резултатите на избирачко место или дел од нив. Ова се случува на секои избори: во 2017 година беа поништени повеќе од 21.000 гласови, во 2002 година 8.250, а во 1995 година дури 48.250. Во првиот круг, институцијата поништи 10.216 гласови.

Уставниот совет има рок од десет дена да ги објави резултатите, но во пракса никогаш не се потребни повеќе од четири дена за тоа. Годинава прогласувањето ќе се одржи в среда на 27 април, а ќе го направи претседавачот на Советот, Лоран Фабиус.

Помеѓу 27 април и 13 мај: инаугурација

Ако 27 април е датумот на прогласување на резултатите, 13 мај е тој на крајот на актуелниот мандат на Емануел Макрон. Церемонијата на инаугурација мора да се одржи меѓу двата датуми. Со оглед дека Макрон е реизбран, Устваниот совет ќе го утврди датумот на инагурацијата, со што официјално ќе започне неговиот нов петгодишен мандат.

За организацијата на оваа многу свечена церемонија нема пишани правила, но таа се одвива според цврсто вкоренета традиција. Се одржува во Празничната сала на Елисејската палата, каде што Емануел Макрон ќе влезе придружуван од претседателите на двете собранија, Ришар Феран (Републиката во Марш) за Националното собрание и Жерар Ларше (Републиканци) за Сенатот, како и премиерот Жан Кастекс. Претседателот на Уставниот совет ќе ја прочита одлуката за прогласување на резултатите од изборите, со што ќе се официјализира инаугурацијата за новиот мандат. Големиот канцелар на Легијата на честа потоа ќе му ја врачи јаката на Големиот мајстор на редот на реизбраниот претседател. Вториот конечно ќе добие воени почести од Републиканската гарда и ќе изврши смотра на трупите.

Оставка на владата

Првпат по реизборот на Шарл де Гол во 1965 година, претседател е реизбран со премиер од неговото мнозинство. Меѓутоа, Жан Кастекс, меѓу двата круга, најави дека ќе поднесе оставка заедно со неговата влада „во деновите кои следат по реизборот на Емануел Макрон. Тоа во никој случај не е обврска или чекор наметнат со закон, туку почитување на „традиција“, и затоа може да се случи во секое време.

– Јас сум еден од оние кои мислат дека мора да се најде нов поттик по реизборот на претседателот, објасни шефот на владата по првиот круг. Сепак, Емануел Макрон во петокот предупреди дека Жан Катекс ќе остане премиер и во текот на „неделата на транзиција“, по вториот круг од изборите.

Теоретски, владата на Жан Катекс може да остане на функција до законодавните избори на 12 и 19 јуни. Практично, премиерите секогаш поднесуваа оставки по претседателските избори, за да му дозволат на шефот на државата да назначи претседател на влада, едно од конкретните овластувања што му ги дава Уставот.

Во најголем број случаи, оставката се поднесува до претседателот во заминување по објавувањето на резултатите или до претседателот на крајот на неговиот мандат доколку е реизбран. Во вториот случај, тоа може да се случи дури и пред објавувањето на резултатите: така се случи во 1988 година за реизборот на Франсоа Митеран, а во 2002 година за оној на Жак Ширак.

Во случај на промена на претседателот, назначувањето на новиот премиер мора да ја чека церемонијата за инаугурација (пред која победникот на претседателските избори сè уште ги нема овластувањата на претседателот). Тоа не е случај во ситуација на реизбор, кога претседателот во заминување може да назначи нов премиер кога сака. Во 1998 година, Мишел Рокар беше назначен уште пред објавувањето на резултатите од Уставниот совет, како Жан-Пјер Рафарин во 2002 година. Членовите на првата влада од петгодишниот мандат беа именувани веднаш потоа.

12 јуни: прв круг на парламентарните избори

И покрај неговиот избор, избраниот претседател не може да спроведе ништо без Националното собрание. Меѓутоа, ако Емануел Макрон сè уште го има своето мнозинство до 19 јуни, сепак Националното собрание не заседава од 1 март и затоа не се состанува за да гласа за законите. Ова е, повторно, традиција на Републиката: секоја година на претседателските избори, пратениците ја прекинуваат својата работа повеќе од еден месец пред првиот круг се до вториот круг на парламентарните избори.

Сепак, законодавниот период не е завршен: редовната седница (периодот од октомври до јуни во кој Парламентот се состанува и може да гласа за законите) трае до 30 јуни. Теоретски – ова никогаш не се случило во дваесет години – сегашните пратеници би можеле да се состанат во секое време на владина агенда во случај на исклучителни околности или ако шефот на државата сака веднаш да донесе одредени реформи.

Ова не треба да ја спречи владата да ги започне своите први проекти: во 2017 година, министерката за труд Муриел Пенико пред синдикатите ги претстави главните ориентации на реформата на трудовиот законик од 6 јуни, додека се одржуваше вториот круг на законодавните избори на 18 јуни. Истата година, законот за доверба во политичкиот живот дури беше претставен на 14 јуни во Советот на министри и истиот ден беше поднесен пред Сенатот. Треба да се напомене дека, од 2002 година, парламентарните избори, кои се одржуваат во пресрет на претседателските избори, систематски му даваат апсолутно мнозинство на новоизбраниот претседател – а со тоа и целата слобода да ја примени неговата програма.

Никогаш, од воведувањето на петгодишниот мандат и промената на изборниот календар во 2002 година, доцнењето помеѓу изборот на претседател на Републиката и изборот на пратеницте не било толку долго. И тоа не е без последици за претседателот, кој веројатно ќе мора да чека речиси два месеци за да ги спроведе своите први реформи. Поддржувачите на Емануел Макрон, исто така, се загрижени дека овој период ќе биде повод за долга кампања што ќе и овозможи на опозицијата повторно да се мобилизира и да го загрози мнозинството што обично го добива претседателот во Националното собрание.

Ако тоа е случај, Петтата република повторно би се поврзала со кохабитацијата и со уставната реалност што практикувањето на власта има тенденција да ја прикрие: на хартија, политиката на земјата не се решава во Елисејската палата, туку во Матињон (седиштето на премиерот) и Палатата Бурбон (седиштето на Собранието).

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт